Новости
![]() |
______________________________________________________________
Посетете го официјалниот FaceBook профил на Поточиња фестивалот.
За Фестивалот

Пап Продукција
Пап продукција – Поточиња има утврдени задачи и програма која ја опфаќа најмалата популација од предучилишна и училишна возраст. Задачата на нашата продукција е да придонесеме развивање на детската креативност и едукација во полето на музиката, сценско-драмската и ликовната култура, како и потрага и отктивање на нови таленти. Целите на Пап продукција се:• Овозможување индивидуален развој ,во сообразност со новите предиспозиции и возрасните карактеристики
• Да усвојат знаењеа и умеења за културните традиции, смисла за убаво, стекнување нови знаење, доживување и изразување во областа на музиката,драмската , ликовната уметност како и народните игри и балет;
• Поттикнување и создавање (посебно развување на свеста за себе, прифаќање себеси развивање на позитивна слика за себе )
• Развивање на самостојност, креативност и збогатување со нови знаења умеења и способности за учење
Работата во Пап продукција поседува обележја кои пред се имаат дидактичко методичен карактер
*Активност
*Тимска работа
*Мотивација
*Социјализација
*Интеракција
*Интегракција
*Истражување
Со децата се работи во мали групи – детски работилници(10деца).Разновидноста на наставните тех. и работа во мали групи придонесува за зголемување на успехот.Приспособеноста е компакктен дијагностичко – перспективен процес во кој се комбинираат неколку методи- долполнително подучување,постапно совладување на материјалот и учење низ соработка ,како и воведување на стратегии за совладување на нови знаењеа.Во детските работилници се одржуваат часово по музичка и ликовна уметност ,драматизација(сценско – драмска)Пап продукција ќе организира промоции,изложби и фестивали каде ке можат да се покажат научените вештини од сите области на детското творештво.






































